Центар за лифтови Холдинг

Вашата визија,
нашата страст.

Центар за лифтови Холдинг (Centar za liftovi Holding) е компанија во Скопје специјализирана за проектирање, монтажа, сервис, ремонт и реконструкција на сите видови лифтови.

Технички цртеж на лифт кој преминува во фотографија на вграден панорамски лифт – од проект до реализација

Центар за лифтови Холдинг

Зошто да нè одберете нас?

  • Нашиот професионален тим нуди голем дел на услуги за потребите на клиентите. Од комплетно проектирање на лифтови, монтажа на лифтови, како и сервисирање на сите видови лифтови.
  • Ние сме познати кај клиентите бидејќи нудиме врвен квалитет на нашите услуги и пристапни цени. Секој дел на лифтот е пропратен со соодветен сертификат и CE ознака.
  • Сите работи на лифтот ги изведуваме во соработка со клиентот, во најкраток можен рок и со врвен квалитет се според безбедносните барања од Правилникот за лифтови на Република Македонија.

Секоја консултација е добредојдена – Центар за лифтови Холдинг! Контактирајте нè сега!

Услуги

Зошто се разликуваме од другите?

Тимот на Центар за лифтови Холдинг постојано се стреми да ги задоволи потребите на нашите клиенти со врвен квалитет, услуги и уникатен дизајн.

Продажба на лифтови

Нудиме високо квалитетни лифтови од секој тип (патнички, товарни, болнички итн.) од најреномираните европски производители на лифтови од Грција, Италија, Шпанија, Турција и Германија по најдостапни цени и најголема гаранција за истите.

Продажба на резервни делови

Нашата компанија располага со оригинални резервни делови за секој тип на лифт кој е монтиран во нашата Република.

Планирање

Стручниот тим составен од професионалци, како и целокупниот инженерски тим кој го имаме на располагање од производителите на лифтови, во консултација со клиентот нуди решенија кои ги задоволуваат барањата на клиентот.

Проектирање

Лифтовите како и возните окна ги проектираме во најкраток можен рок според барањата на клиентот.

Монтажа

За лифтот да функционира беспрекорно и долгорочно потребна е квалитетна монтажа. Нашиот тим на монтери е составен исклучиво од професионалци со долгогодишно искуство во областа на монтирање на лифтови, со сите потребни европски сертификати за монтери, кои монтажата ја прават во најбрз можен рок.

Одржување и ремонт

Откако ќе се монтира лифт потребен е квалитетен сервис. Тимот од искусни сервисери со сертификати од европски производители секој месец ги прави сите потребни работи како Вашиот лифт би функционирал беспрекорно. Ремонт на лифтот е потребен доколку истиот е монтиран многу одамна и неговите компоненти се дотраени и веќе недостапни.

Реконструкција на лифтови

„Центар за лифтови Холдинг“ нуди комплетна реконструкција на лифтови од промена на кабина, до мотор и командна табла (контролер) како Вашиот лифт би се „освежил“ и би функционирал долгорочно.

Дизајн на лифтови

Секој лифт се изработува според барањата на клиентот. Ниту еден лифт не е типски и никаде не вградуваме комплетно исти лифтови, туку ги задоволуваме барањата на клиентот и истиот е дизајниран според желбите на клиентот.

Кои сме ние

Секогаш тука за вас

Центар за лифтови Холдинг е компанија која работи со лифтови повеќе од 25 години. Нашиот тим постојано се стреми да ги задоволи потребите на нашите клиенти со врвен квалитет, услуги и уникатен дизајн и она што е најважно располагаме со квалитетен и искусен кадар кој е составен од професионалци со долгогодишно работно искуство.

Тим

Професионалност

Нашиот тим се стреми кон професионалност – искусен кадар составен од професионалци со долгогодишно работно искуство.

  • 25+ години искуство
  • Сертифицирани монтери
  • ISO 9001 · 45001 · 14001

Технологија

Технологија

Целосно разбирање на најновата технологија, во соработка со реномирани европски производители на лифтови.

  • Европски производители
  • CE сертифицирана опрема
  • Оригинални резервни делови

Клиенти

Услуги на клиентите

За нашата услуга и квалитет не зборуваме ние, туку нашите клиенти – клиентот за нас е секогаш на прво место.

  • Месечно одржување
  • 24-часовна поддршка
  • Бесплатна консултација

Наши проекти

Дознајте повеќе за лифтовите кои ги нудиме како и услугите кои ги нудиме на нашите клиенти.

Може да ја погледнете галеријата од нашите проекти за лифтови кои ги нудиме и монтираме.

Побарајте понуда

Потребен ви е лифт, сервис или реконструкција?

Испратете ни барање или јавете се – нашиот тим одговара во најкраток можен рок.