За нас

Повеќе од 25 години градиме доверба со квалитет, сертифицирани процеси и искусен кадар.

Центар за лифтови Холдинг е компанија од Скопје која работи со лифтови повеќе од 25 години. Нашиот тим постојано се стреми да ги задоволи потребите на клиентите со врвен квалитет, доверлива услуга и уникатен дизајн, а она што е најважно – располагаме со квалитетен и искусен кадар, составен од професионалци со долгогодишно работно искуство.

Двајца лифт техничари гледаат кон панорамски лифт во модерен атриум
  • 25+години искуство со лифтови
  • 5меѓународни ISO и EN сертификати
  • 24/7техничка поддршка од производителите

Зошто баш ние?

Високото ниво на професионализам во областа на механиката и електрониката, фокусот на квалитетот и долгогодишното искуство во лифт индустријата ѝ донесоа на компанијата меѓународни сертификати за системи за менаџмент. Тие ја потврдуваат нашата стратегија: конзистентност, постојано подобрување на перформансите, одржување и зајакнување на позициите на пазарот и разумно проширување кон нови.

  • ISO 9001:2015Систем за менаџмент со квалитет
  • ISO 45001:2018Безбедност и здравје при работа
  • ISO 14001:2015Менаџмент со животната средина
  • EN 13015:2001Одржување на лифтови и ескалатори
  • ISO 14798:2013Проценка и намалување на ризик кај лифтови
  • CEСертифицирана опрема од европски производители

Соработуваме со реномирани европски производители на лифтови од Грција, Италија, Шпанија, Турција и Германија. Нивните проектантски бироа и инженерски кадар ни стојат на располагање, а тимовите за поддршка се резервирани за нас 24 часа – затоа секој наш лифт е со CE ознака, сертификат и оригинални резервни делови.

Инженер проверува погонска машина на лифт во машинска просторија
Монтажа на лифт – проект на Центар за лифтови Холдинг

Наша мисија

Нашата мисија е постојано градење доверба кај клиентите, кредибилитет и почит кон истите. Клиентот за нашата компанија е на прво место – неговите желби и потреби за нас се врвен приоритет.

Се стремиме да ги исполниме нашите цели и затоа продолжуваме постојано да ја зголемуваме нашата ефикасност – во проектирањето, монтажата и во секој сервисен преглед.

Погледнете ги нашите услуги и објектите каде што сме работеле, или контактирајте нè за бесплатна консултација.