Центар за лифтови Холдинг ја изведува монтажата и сервисот на лифтови со сопствен тим од сертифицирани монтери и сервисери, во соработка со реномирани европски производители. Сите лифтови, автолифтови и платформи што ги монтираме се со CE ознака и сертификат, а работите се изведуваат според Правилникот за лифтови на Република Македонија.
Монтажа на лифтови
Квалитетната монтажа е предуслов лифтот беспрекорно и долгорочно да ја врши својата функција. Нашиот тим на монтери е составен исклучиво од професионалци со долгогодишно искуство и со сите потребни европски сертификати. Монтажата ја изведуваме во најкраток можен рок, во координација со инвеститорот и изведувачот на објектот.
- Патнички, товарни, болнички и панорамски лифтови
- Автолифтови и платформи за лица со попреченост
- Монтажа во нови објекти и во постоечки згради (дополнително вградување)
- Пуштање во работа, технички преглед и предавање на корисникот
Сервис и одржување
Откако лифтот ќе се монтира, потребен е редовен и квалитетен сервис. Тимот од искусни сервисери со сертификати од европски производители секој месец ги прави сите потребни прегледи и работи за лифтот да функционира безбедно и беспрекорно. Тимовите за поддршка на производителите ни стојат на располагање 24 часа.
- Месечно превентивно одржување според Правилникот за лифтови
- Интервенции при дефект и ослободување на заглавени патници
- Оригинални резервни делови за секој тип лифт монтиран во Македонија
- Ремонт на дотраени компоненти и комплетна реконструкција
Реконструкција на постоечки лифтови
Кога лифтот е монтиран многу одамна и неговите компоненти се дотраени и веќе недостапни, нудиме комплетна реконструкција: од промена на кабината, преку погонскиот мотор, до командната табла (контролер). Лифтот се „освежува“ и добива долг работен век со современа безбедносна опрема.
За понуда за монтажа, сервисен договор или реконструкција, контактирајте нè или јавете се на 070 251 252.