Продажба, проектирање, монтажа, сервис и реконструкција на лифтови – со CE сертифицирана опрема и тим со долгогодишно искуство.
Врвен квалитет и пристапни цени
Нашиот професионален тим нуди голем дел на услуги за потребите на клиентите. Од комплетно проектирање на лифтови, монтажа на лифтови, како и сервисирање на сите видови лифтови.
Ние сме познати кај клиентите бидејќи нудиме врвен квалитет на нашите услуги и пристапни цени. Секој дел на лифтот е пропратен со соодветен сертификат и CE ознака.
Сите работи на лифтот ги изведуваме во соработка со клиентот, во најкраток можен рок и со врвен квалитет се според безбедносните барања од Правилникот за лифтови на Република Македонија.
Продажба на лифтови
Нудиме високо квалитетни лифтови од секој тип (патнички, товарни, болнички итн.) од најреномираните европски производители на лифтови од Грција, Италија, Шпанија, Турција и Германија по најдостапни цени и најголема гаранција за истите.
Продажба на резервни делови
Нашата компанија располага со оригинални резервни делови за секој тип на лифт кој е монтиран во нашата Република.
Планирање
Стручниот тим составен од професионалци, како и целокупниот инженерски тим кој го имаме на располагање од производителите на лифтови, во консултација со клиентот нуди решенија кои ги задоволуваат барањата на клиентот.
Проектирање
Лифтовите како и возните окна ги проектираме во најкраток можен рок според барањата на клиентот.
Монтажа
За лифтот да функционира беспрекорно и долгорочно потребна е квалитетна монтажа. Нашиот тим на монтери е составен исклучиво од професионалци со долгогодишно искуство во областа на монтирање на лифтови, со сите потребни европски сертификати за монтери, кои монтажата ја прават во најбрз можен рок.
Одржување и ремонт
Откако ќе се монтира лифт потребен е квалитетен сервис. Тимот од искусни сервисери со сертификати од европски производители секој месец ги прави сите потребни работи како Вашиот лифт би функционирал беспрекорно. Ремонт на лифтот е потребен доколку истиот е монтиран многу одамна и неговите компоненти се дотраени и веќе недостапни.
Реконструкција на лифтови
„Центар за лифтови Холдинг“ нуди комплетна реконструкција на лифтови од промена на кабина, до мотор и командна табла (контролер) како Вашиот лифт би се „освежил“ и би функционирал долгорочно.
Дизајн на лифтови
Секој лифт се изработува според барањата на клиентот. Ниту еден лифт не е типски и никаде не вградуваме комплетно исти лифтови, туку ги задоволуваме барањата на клиентот и истиот е дизајниран според желбите на клиентот.
Често поставувани прашања
Кои видови лифтови нудите?
Нудиме патнички, товарни, болнички и панорамски лифтови, автолифтови и платформи од реномирани европски производители (Грција, Италија, Шпанија, Турција и Германија). Секој лифт и секој дел е со CE ознака и соодветен сертификат.
Дали вршите месечно одржување и сервис на постоечки лифтови?
Да. Нашиот тим од сертифицирани сервисери секој месец ги изведува сите потребни прегледи и работи за лифтот да функционира беспрекорно, согласно Правилникот за лифтови на Република Македонија. Тимовите за поддршка на производителите ни стојат на располагање 24 часа.
Дали имате резервни делови за постари лифтови?
Располагаме со оригинални резервни делови за секој тип на лифт кој е монтиран во Македонија. Кога компонентите се дотраени и веќе недостапни, предлагаме ремонт или реконструкција.
Што опфаќа реконструкцијата на лифт?
Комплетна реконструкција: од промена на кабината, преку погонскиот мотор, до командната табла (контролер). Лифтот се „освежува“ и добива долг работен век со современа безбедносна опрема.
Дали изработувате проектна документација?
Да. Лифтовите и возните окна ги проектираме според барањата на клиентот и безбедносните барања од Правилникот за лифтови, во најкраток можен рок.
Како да побарам понуда?
Пополнете го формуларот на страницата Контакт, јавете се на 070 251 252 или пишете на [email protected]. Секоја консултација е бесплатна и добредојдена.
Потребен ви е лифт, сервис или реконструкција?
Испратете ни барање и нашиот тим ќе ве контактира во најкраток можен рок.