Врвен квалитет и пристапни цени
Нашиот професионален тим нуди голем дел на услуги за потребите на клиентите. Од комплетно проектирање на лифтови, монтажа на лифтови, како и сервисирање на сите видови лифтови.
Ние сме познати кај клиентите бидејќи нудиме врвен квалитет на нашите услуги и пристапни цени. Секој дел на лифтот е пропратен со соодветен сертификат и CE ознака.
Сите работи на лифтот ги изведуваме во соработка со клиентот, во најкраток можен рок и со врвен квалитет се според безбедносните барања од Правилникот за лифтови на Република Македонија.
Продажба на лифтови
Нудиме високо квалитетни лифтови од секој тип (патнички,товарни,болнички итн.) од најреномираните Европски производители на лифтови од Р.Грција, Р.Италија, Шпанија, Р.Турција и Германија по најдостапни цени и најголема гаранција за истите.
Продажба на резервни делови
Нашата компанија располага со оригинални резервни делови за секој тип на лифт кој е намонтиран во нашата Република.
Планирање
Стручниот тим од составен од професионалци како и целокупниот инжинерски тим кој го имаме на располагање од производителите на лифтови во консултација со клиентот нудиме решенија кои ги задоволуваат барањата на клиентот.
Проектирање
Лифтовите како и возните окна ги проектираме во најкраток можен рок според барањата на клиентот.
Монтажа
За лифтот да функционира беспрекорно и долгорочно потребна е квалитетна монтажа. Нашиот тим на монтери е составен исклучиво од професионалци со долгогодишно искуство во областа на монтирање на лифтови со сите потребни Европски сертификати за поединци (монтери) кои монтажата ја прават во најбрз можен рок.
Одржување и ремонт
Откако ќе се намонтира лифт потребно е квалитетен сервис. Тимот на сервисери составен од искусни сервисери со сертификати од Европски производители секој месец ги прават сите потребни работи како Вашиот лифт би функционирал беспрекорно. Ремонт на лифтот е потребно доколку истиот е намонтиран многу одамна и веќе неговите компоненти се дотраени и веќе недостапни. Тимот на „Центар за лифтови“ ги изведува сите потребни работи за Вашиот лифт да биде функционален.
Реконструкција на лифтови
„Центар за лифтови“ нуди комплетна реконструкција на лифтови од промена на кабина, до мотор и командна табла (контролер) како Вашиот лифт би се „освежил“ и би функционирал долгорочно.
Дизајн на лифтови
Секој лифт се изработува според барањата на клиентот. Ниту еден лифт не е типски и никаде не вградуваме комплетно исти лифтови, туку ги задоволуваме барањата на клиентот и истиот е дизајниран според желбите на клиентот.